На Машинскиот факултет при Универзитетот “Св.Кирил и Методиј” во Скопје акредитирана е нова магистерска студиска програма за менаџмент на животен циклус на производ (PLM - Product Lifecycle Management), со Решение за акредитација од август 2010 година, издадено од Одборот за акредитација на високото образование на Република Македонија. развиена под покровителство на Техничкиот универзитет во Торино, Италија, а во соработка со универзитети од Словенија, Хрватска Србија и Грција. Магистерската студиска програма за ПЛМ е развиена како регионална програма, при што е акредитирана и понудена на универзитетите во Нови Сад, Загреб, Сплит и Торино.
Магистерските студии се со траење од една година, при што наставата се изведува од професори на Машинскиот факултет, Економскиот факултет, Технолошко-металуршкиот факултет и Филозовскиот факултет при УКИМ, како и визитинг професори од партнерските универзитети од Торино, Марибор, Нови Сад, Загреб и Сплит, со можности за мобилности на професорите и студентите од и кон партнерските универзитети. Кандидатите се стекнуваат со диплома магистер на технички науки од областа на индустриското инженерство и менаџмент, со можност за двојна диплома од Техничкиот универзитет во Торино.
Студиите започнуваат во учебната 2011/2012 година, во согласност со Конкурсот за упис на втор циклус студии на Универзитетот “Св.Кирил и Методиј” во Скопје. Повеќе информации за студиите може да се најдат во брошурата за PLM магистерските студии.
За потребите на новите магистерски студии, на Машинскиот факултет во Скопје преку проектот Master-PLM етаблиран е PLM Центар со хардверска и софтверска подршка од Teamcenter PLM на компанијата Siemens Industry Software Ltd.
КОРИСНИ ЛИНКОВИ
Информативна брошура за PLM магистерски студии
Магистерска студиска програма
Наставни предмети
TEMPUS проект Master-PLM