СТУДИИ ПО ИНЖЕНЕРСТВО НА ЖИВОТНА СРЕДИНА И РЕСУРСИ

 

Одборот за акредитација на високото образование на Република Македонија на својата седница одржана на 11.03.2008-ма година донесе Решение за прифаќање и акредитација на интердисциплинарни додипломски студии по Инженерство на ЖИвотна Средина и ресурси (ИЖИС), во организација на Машинскиот факултет, Градежниот факултет и Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје.

 

Студиите се тригодишни, со 180 ЕКТС, со можност за студирање во завршната година на Универзитетот во Фиренца, Италија, и стекнување со двојна диплома – и од Универзитетот во Фиренца и од Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје, и стекнување со звањето Инженер од областа на Животна средина и Ресурси. Постои можност за продолжување на студирањето на постдипломски студии од Инженерство на Животна средина и ресурси и на двата универзитети, и стекнување на звањето магистер од областа на Животна Средина и ресурси.

 

Наставата се изведува од професори од Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје (од Машински факултет, Градежен факултет, Технолошко-металуршки факултет, Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии) како и од Универзитетот во Фиренца. Се стекнуваат компетенции за: заштита и управување со загадувањата на водата, воздухот и почвата, рециклирање и отстранување на отпадот, менаџмент на опасниот отпад, проектирање на системи за пречистување на комуналните и индустриските отпадни води, истражувања за влијанието врз животната средина на градежни објекти, индустриски објекти, сообраќај итн.

 

ИЖИС е современа студиска програма со 24 предмети во 6 семестри, со можност за избор на предметите во завршната година од студирањето, и можност за изведување на студентската пракса и дипломската работа на Универзитетот во Фиренца, Италија.

Инженерите од областа Животна Средина и Ресурси ги користат научните дисциплини хемија, биологија, информациски технологии, енергетика, машинство, градежништво за да развијат решенија за проблемите на заштита на животната средина и природните ресурси. Тие се вклучени во заштитата и управувањето со загадувањата на водата, воздухот и почвата, рециклирањето и отстранувањето на отпадот, менаџментот на опасниот отпад. Овие инженери проектираат системи за пречистување на комуналните и индустриските отпадни води, спроведуваат истражувања за влијанието врз животната средина на градежни и индустриски објекти, сообраќајот итн. Инженерите од областа Животна Средина и Ресурси често работат како консултанти за спроведување на законските регулативи за спречување на оштетувањата на животната средина и отстранување и/или пречистување на опасниот отпад. Тие работат и на локални и глобални проекти за минимизација на ефектите од киселите дождови, глобалното затоплување, намалување на емисиите на штетните материи, заштитата на озонската обвивка.


Во рамките на студиите развиен е и систем за учење на далечина кој се наоѓа на адресата:

 

http://www.izis.ukim.edu.mk

Macedonian

Наши проекти

Contact Us

University "St. Cyril and Methodius"

Faculty of Mechanical engineering - Skopje
Karpos II bb
1000 Skopje, Republic of North Macedonia
Tel:+ 389 2 3099-200
Fax:+ 389 2 3099-298

Follow us

Follow us on:

Gallery

Galerija       

       

Back to Top