СОРАБОТКА СО М6 ЕДУКАЦИСКИ ЦЕНТАР И ПОДДРШКА НА НАТПРЕВАРОТ ЗА СРЕДНИ УЧИЛИШТА „Најдобар бизнис концепт за зелени иновации 2026“

Со големо задоволство ја објавуваме информацијата дека Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, вчера потпиша меморандум за разбирање со М6 едукативниот центар со кој се поставуваат темелите за заедничка соработка на повеќе полиња, вклучувајќи:

-        размена на знаења и искуства во разни сегменти поврзани со развој на технологиите кои се од заеднички интерес,

-        развој и спроведување на современи образовни и истражувачки активности, како и апликативна дејност,

-        подобрување на компетенциите и кај студентите од Машинскиот факултет, но и кај вработените од фирмите кои соработуваат со М6 едукативниот центар.

Главниот фокус на соработката за претстојниот период е организациската поддршка на М6 едукативниот центар, како и зголемувањето на фондот за награди за Националниот натпревар за средни училишта „Најдобар бизнис концепт за зелени иновации 2026“.

Овој натпревар кој традиционално веќе 18 години го организира Машинскиот факултет, неодамна од страна на Европската Тренинг Фондација беше препознаен како најдобра практика за 2025 година за развој на вештини кај младите, и во конкуренција на 250 апликации од над 50 земја ја доби првата награда - ETF Green Skills Awards 2025.

Со оваа објава, сакаме да ги повикаме професорите и учениците од средните училишта ширум државата да се пријават на Натпреварот Најдобар бизнис концепт за зелени иновации 2026“. Повеќе информации за натпреварот и линк за пријавување за училишните тимови може да се видат на: https://forms.gle/MhQDpghhnZgnSM716

Наши проекти

Contact Us

University "St. Cyril and Methodius"

Faculty of Mechanical engineering - Skopje
Karpos II bb
1000 Skopje, Republic of North Macedonia
Tel:+ 389 2 3099-200
Fax:+ 389 2 3099-298

Follow us

Follow us on:

Gallery

Galerija       

       

Back to Top