ПОКАНА ЗА ИЗЛОЖБАТА МАЛИ ХУМАНИ ИНОВАЦИИ

....која ќе се одржи во просториите на Младинскиот Културен Центар,

на 18.1.2020 година со почеток во 20:30 часот.

На изложбата ќе бидат презентирани 20-тина одбрани проекти изработени од повеќе генерации студенти на насоката Индустриски дизајн при Машинскиот факултет во Скопје, под менторство на  проф. Татјана Кандикјан и проф. Софија Сидоренко.

Фотографиите за изложбата ги изработи Васе Аманито.

Концептот и поставката за изложбата е дело на Дејан Ивановски.

Изложбата ја реализира Младинскиот Културен Центар-Скопје, во рамките на прославата на роденденот.

Накусо за изложбата МАЛИ ХУМАНИ ИНОВАЦИИ:

Студентите од насоката Индустриски дизајн на Машинскиот факултет во Скопје, со своите творби се стремат да го искажат својот оптимистички став, преку трансформирање на проблемите од сегашноста во можности за креирање подобра иднина. Како и повеќето дизајнери, тие ги откриваат проблемите, трагаат по решенија, истражуваат можности, анализираат постоечки решенија, синтетизираат нови концепти и, конечно, ги реализираат своите идеи. Низ овој процес, тие создаваат напредок, нови индустриски производи, симболи, системи и многу повеќе.

Изложбата има за цел да го провери интересот на јавноста за прифаќање на ваквата „комерцијална уметност“, што е неопходно потребно за успешеното иновирање на производите.

Татјана Кандикјан и Софија Сидоренко

Наши проекти

Contact Us

University "St. Cyril and Methodius"

Faculty of Mechanical engineering - Skopje
Karpos II bb
1000 Skopje, Republic of North Macedonia
Tel:+ 389 2 3099-200
Fax:+ 389 2 3099-298

Follow us

Follow us on:

Gallery

Galerija       

       

Back to Top