Повик за платена научна пракса на Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија

Почитувани,

 Министерството за образование и наука се обрати до Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје за споделување на Повик за платена научна пракса на Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија.

За таа цел, во прилог Ви испраќам содржина за споделување на веб-страницата на Вашата единица.

Содржината на текстот кој треба да се сподели на веб-страниците на Вашата единица, е следна:

 Повик за платена научна пракса на Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија

Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија (JRC) нуди платенa научнa пракса за научни практиканти. Подетални информации, профил на кандидати и критериуми се достапни во Анекс I во следниов линк за апликација.

За практикантствата што почнуваат во март 2026 година, JRC овозможува учество на околу педесет (50) научни практиканти, во различни тематски области како здравство, индустрија и вселена, природни ресурси, мобилност, граѓанска безбедност за општеството, животна средина и климатски промени, нуклеарна безбедност и сигурност, управување со кризи, дигитална трансформација и податоци, сајбер безбедност, вештачка интелигенција итн.

Местото на пракса може да биде едно од следниве локации на JRC: Гел (Белгија), Испра (Италија), Карлсруе (Германија), Петен (Холандија) или Севиља (Шпанија).

Лицата кои ќе аплицираат на Повикот потребно е да пратат потврда за својата апликација на следната e-mail адреса: n.p.kostovska@ukim.edu.mk

Наши проекти

Contact Us

University "St. Cyril and Methodius"

Faculty of Mechanical engineering - Skopje
Karpos II bb
1000 Skopje, Republic of North Macedonia
Tel:+ 389 2 3099-200
Fax:+ 389 2 3099-298

Follow us

Follow us on:

Gallery

Galerija       

       

Back to Top