МАТЕРИЈАЛИ, ПРОЦЕСИ И ИНОВАЦИИ

Цел на насоката

Цел на насоката е целосно познавање на карактеристиките на машинските материјали, нивен правилен избор и примена во инженерската пракса, развој на технологии за нивно спојување и оптимизација при моделирање и конструирање заварени и носечки конструкции, процесна опрема и тенкоѕидни конструкции.

Главни вештини со кои се стекнуваат студентите на насоката:

  • Препознавање, разбирање, избор и имплементација на машинските материјали врз основа на нивните механички карактеристики.
  • Способност за разбирање на железни, нежелезни материјали, нивни легури и композитни материјали.
  • Познавање од областа на термичлка обработка на машиските материјали за нивно зајакување и примена.
  • Познавање од областа на техниките на спојување и нивна примена – МИГ, ТИГ, Ласерско заварување, Хибридно заварување, Електроотпорно заварување и др.
  • Способност за определување, одобрување и ревизија на технологии на спојување на исти и различни видови материјали.
  • Познавања од областа на контрола и квалитет на материјали, заварени врски и конструкции со примена на недефктоскопски испитувања при производство и експлоатација.
  • Способност за проектирање, конструирање, изработка и монтажа на заварени и носечки конструкции.
  • Способност за проектирање, конструирање, просизводство и експлоатација на процесна опрема и тенкоѕидни конструкции.
  • Способност и познавање за вршење експертизи и вештачења од областа на материјалите, заварувањето и конструкциите.
  • Способност за менаџирање на мали, средни и големи компании од областа на на заварувањето и на заварените конструкции.
  • Познавање на софтверски програми за проектирање, конструирање и нумеричко моделирање на конструкции.
  • Познавање на новите модерни материјали и запознавање со нивниот начин на производство, особини и примена.

Дипломски работи

Марија Ивановска Николовски, / Извршен Директор на ФЗЦ 11 Октомври АД Куманово

Како жена  со самодоверба и со своја животна цел, а во позадина со стекната силна едукација од Машинскиот факултет Скопје, на насоката МСКИ кој беше појдовна точка за мојот професионален развој. Денеска сум на врвот на една успешна компанија со долга истотрија во Индустријата која е препознатлива по својот производ кој го пласира на пазарот а воедно со нејзиниот врвен квалитет.

Зајакнувањето на моето теоретско и практично знаење започнува со позицијата Машински инженер, а кариерниот развој продолжува со Директор на Управување со контрола на квалитет, меѓувреме не стагнирам истовремено се надоградувам со низа сертификати меѓу најзначајните за мене е IWE ( International Welding Engineer) со кој го надоградувам моето сткнато знаење при студирањето  на Машинскиот Факултет при УКИМ.

Упорноста, дисциплината, професионалноста и трудот ме искачуваат на највисоката раководната  позиција Извршен Директор во компанијата ФЗЦ  11 ОКТОМВРИ АД КУМАНОВО на која сум веќе полни 4 години и успешно се справувам со сите предизвици кој налага оваа позиција.

Студирањето на МФС, особено на насоката МПИ, има значајна улога во мојот професионален развој. Оваа насока обезбедува сеопфатно образование во областа на материјалите, техники на спојување, иновациите во инженерството и дизајнот на конструкции. Покрај редовната наставна програма, значајно влијание има и учеството во национални проекти под менторство на професорите, што овозможува практична примена на стекнатите знаења. Комбинацијата од академското образование и континуираното усовршување ми помага да ги надминувам секојдневните предизвици и да применувам оптимални решенија во професионалната средина.

Христијан Ѓоргиевски / Инженер за квалитет во енергетскиот сектор во Hitachi Energy во Цирих, Швајцарија

Силната основа во аналитичко размислување и решавање проблеми, стекната за време на моите студии на Машинскиот факултет, ми овозможи да изградам разновидна кариера во повеќе индустрии. Започнав како инженер за квалитет во ФЗЦ “11 Октомври” – Куманово, каде што стекнав практично искуство со предизвиците во производството. Понатаму, преминав во меѓународно работно опкружување, станувајќи инженер за процеси за фрикционо заварување во Dura Automotive во Скопје, каде што учествував во воспоставувањето на нова производна линија, оптимизација на истата и имплементацијата на контрола на квалитет на процесот.

Воден од желбата за поголеми предизвици, преминав во индустријата за полупроводници, работејќи како инженер за производство во ASML во Холандија. Таму бев дел од производствен процес на машини кои проиведуваат 5nm чипови, клучна технологија која ја обликува иднината на вештачката интелигенција. Моментално работам како инженер за квалитет во енергетскиот сектор во Hitachi Energy во Цирих, Швајцарија, каде што се прилагодив на сосема нова индустрија, применувајќи структуриран пристап кон решавање проблеми и обезбедување квалитет во комплексно техничко опкружување.

Сите овие професионални искуства се обликувани од знаењето и вештините што ги стекнав на Машинскиот факултет. Принципите на аналитичко размислување, структуриран пристап во решавање на проблеми, поставување приоритети и почитување на индустриск

Даниела Пана / Интериор инженер за персонализиран дизајн

Оваа насока ми овозможи длабоко познавање на материјалите, различни современи технологии и процеси за развој на нови продукти. Својата кариера ја започнав во Костал Македонија како проектен инженер за интериор компоненти. Комбинацијата на знаењето стекнато при моето студирање, искуството и креативноста, ми овозможија да ја продолжам својата кариера како интериор инженер во Bugatti & Rimac Automobili.  Во изминативе години работев на целосниот развој на интериерот за Bugatti Bolide, Bugatti Mistral и Rimac Nevera. Секое Bugatti има засебен дизајн од страна на клиентот и предизвикот во оваа работа е концептот да стане реалност.

Слободан Кулишевски / Инженер за изведба и производство на челични конструкции

Студирањето на МФС, особено на насоката МПИ, има значајна улога во мојот професионален развој. Оваа насока обезбедува сеопфатно образование во областа на материјалите, техники на спојување, иновациите во инженерството и дизајнот на конструкции. Покрај редовната наставна програма, значајно влијание има и учеството во национални проекти под менторство на професорите, што овозможува практична примена на стекнатите знаења. Комбинацијата од академското образование и континуираното усовршување ми помага да ги надминувам секојдневните предизвици и да применувам оптимални решенија во професионалната средина.

2021/2022 – Хибридни композити конструкции

целта на овој проект е добивање на комплексна хибридна композитна структура од разнородни материјали, структурно поврзани помеѓу себе кои ќе функционираат како единствена целина со зголемени механички својства. Оваа цел се остварува преку експериментално испитување на механичките карактеристики на компонентите и крајната форма на композитот со цел соодветен избор на конструктивен материјал за хибридната структура.

2022/2023 – Екотехнологии и одржлив дизајн кај заварени конструкции

Главна цел на проектот е добивање на LCA методологија која ќе се користи за избор на заварувачка постапка со која ќе се минимизира штетното влијание врз околината, а при тоа ќе бидат задоволени барањата на производителите и клиентите. Со постигнување на одржливост кај процесите за заварување ќе се обезбеди зголемен профит, зачувување на ресурсите, подигање на свеста во општеството и ќе се заштити животната средина. За едукација на студентите и инженерите, во рамки на проектот се организира и работилница за оцена на одржливоста на процесите на заварување.

2023/2024 – Развој на економичен систем за електролачно адитивно производство на метални компоненти

Главана мотивација и цел за овој истражувачки проект е да се изработи систем за електролачно адитивно производство со жица (во продолжение WAAM– систем) кој комбинира два производни процеси: заварување и адитивно производство. Овој систем автоматизирано може да прозведува метални компоненти со висок квалитет, ефикасност и прифатлива цена. Кај оваа производна технологија, металот се додава во форма на жица која се топи со електричен лак и се наталожува врз работна подлога.

Студентите на МПИ работат и на практична изведба на своите сопствени креативни конструктивни решенија на различни производи (од столче до мостови и хали).

Учествуваат во: 

  • ИАЕСТЕ – Меѓународнa независна, невладина студентска организација за размена на студенти од техничките факултети (https://iaeste.org.mk/)
  • EBEC-Европски БЕСТ Инженерски натпревар (анг. European BEST Engineering Competition), натпревар наменет за поттикнување на креативното размислување за решавање на комплесни проблеми (https://ebec.best.org.mk/)
  • ProjectHUB – поврзување на теоретското и практичното знаење, зголемување на ангажманот на студентите, примена на акумулираното знаење (https://www.mf.ukim.edu.mk/mk/projecthub)
  • CEEPUS програма – Централноевропска програма за размена за универзитетски студии (анг. Central European Exchange Program for University Studies (CEEPUS)) е програма за академска размена на студенти и професори од Централна и Источна Европа (https://www.ceepus.info/)
  • ЕРАЗМУС+ програма- програма за мобилност на студентите и наставните кадри (за студиски престој, ослободување од студиски трошоци, како и признавање на студентските кредити на институцијата-домаќин по враќањето на домашниот универзитет) (https://na.org.mk/Home/ErasmusPlus)
  • Zoran Djindjic Internship Programme of German Business – Програма која нуди можност за практикантска работа со стекнување на знаења и соочување со вистински предизвици во германски компании. (https://www.djindjic-stipendienprogramm.de/)
  • Студентски ексурзии

Најпознати метални кострукции во светот

FUN FACTS за инженерите од МПИ

ЗАВАРУВАЊЕТО е повеќе од искрење…. тоа е комплексна инженерска дисциплина што вклучува аспекти од науката за материјалите, дизајн, инспекција, обезбедување на квалитет,  машински, електрични и електронски системи, ласери и роботи. Заварувањето е клучно за повеќе од 50 % од производите произведени во светот. Секој сегмент на нашата економија зависи до одреден степен од материјалите и начинот на нивното спојување.

Инженерите од МПИ ги применуваат нивните напредни вештини за да решаваат проблеми и тие мора да ги разберат особините на заварите за да обезбедат висока сигурност на металните конструкции и со тоа да придонесат кон општеството.

Тие имаат експертиза во науката за инженерските материјали (челици, нежелезни легури, полимерни материјали и др.) и процесните технологии (електролачно заварување, ласери, електроотпоно заварување, FSW заварување, заварување со плазма,  лемење и лепење). Тие се и експерти во роботика, од програмирање до примена на сезнори и контролни уреди.

Студентите кои се запишуваат на МПИ на Машински факултет – Скопје, се обучени да помогнат да се развијат решенија за производствените предизвици во 21 век. Ова вклучува: цевководи, садови под притисок, авиони, турбини, автомобили, оff-road опрема, микроелектронски уреди, машини за заварување и роботи.

Светски препознатилва професија на инженери кои имаат висока вредност во индустријата. МПИ е единствена наставна програма за единствени луѓе кои уживаат во практичните аспекти на инжинерството како професија, решавање на проблеми и успешно и навремено завршување на работата.

ПОВЕЌЕ ЗА СТУДИИТЕ….

Во инженерските материјали се фокусираме на поврзаноста помеѓу производството, структурата, особините и перформансите на 4 основни класи на материјали: метали, керамики, полимери, композити. Еден добар пример за материјал со широк дијапазон на особини и примена е алуминиумот, кој се користи на различни начини, како лименки за пијалоци, за електрична и термичка примена, како конструктивни материјали и транспортни системи. Ниските производни трошоци пак на модерните челици дозволуваат и натпревар со пластиките во производството на телата на автомобилите. Особините на челикот го прават незаменлив за тешка опрема, машини и елементи за зајакнување. Други легури имаат супериорни перформанси, како што се отпорност на водена корозија (нерѓосувачки челици), абење на делови од машини (лагери) или високо-температурни гасови (компоненти на гасни турбини). Специјални метали се користат во посебни примени, како што се меки магнетни јадра за електрични трансформатори, постојани магнети за мотори, електрични жици и рефлектори на огледала. Овие уникатни квалитети се изведени од структурата на материјалот, од атомско преку макроскопско ниво.

Слично на тоа, широк опсег на особини имаат и керамичките делови кои обезбедуваат: хемиска и механичка стабилност, ниска топлинска спроводливост за огноотпорни тули за индустриски печки и печки, се користат како топлински штитови за конусот на носот и рабовите на водечките крила кај вселенскиот шатл итн. Мазната и инертна керамичка глазура за апарати за домаќинство обезбедува привлечност и заштита кај домашните уреди. Различни стаклени композиции и процеси се приспособени на инженерски оптички влакна, обложени автоматски ветробрански стакла, заптивки со повисока температура итн. Други пак, специјални состави и структури доведоа до високотехнолошки примени како што се: ниски температурни суперпроводници, фероелектрични материјали, сензори за висока температура и компоненти на горивни ќелии и трансдуктори. Всушност, овие материјали се натпреваруваат едни со други и со пластиката за да добијат или задржат пазарен удел за многу инженерски апликации.

Ги изучуваме и новите современи материјали, како што се биоматеријали, наноматеријали и паметни материјали за да ги искористиме нивните напредни особини и да ја прошириме нивната примена.

 

ВЕ ОЧЕКУВАМЕ