Мојот кариерен пат започна во 2018 година кога започна моето студирање на Машинскиот факултет, насока Индустриско инженерство и менаџмент. Како и секој бруцош, така и јас, не знаев кои се придобивките и можностите за мојот кариерен пат во иднина. Додека чекорев низ оваа патека наидов на многу пречки, падови и успеси. Видов дека можностите кои ги нуди смерот ИИМ се навистина огромни. Практичната работа во компанијата ми беше стипендирана, веднаш после тоа ја изработив и дипломската работа поврзана со процесите во компанијата, а по самото дипломирање ми беше понудено работно место како Индустриски инженер. Топла препорака до сите идни студенти: “Верувајте во себе и во можностите кои ги нуди Индустриското инженерство и менаџмент. ИИМ е гранка која во иднина може да донесе само успешни кариерни патеки”.
Индустриско ИНЖЕНЕРСТВО и МЕНАЏМЕНТ
Цел на насоката
Некои од главните вештини со кои се стекнуваат студентите на насоката Индустриско инженерство и менаџмент
- Вештини за решавање проблеми: Индустриските инженери се обучени да идентификуваат и решаваат сложени проблеми поврзани со производните процеси, управувањето со синџирот на снабдување и други аспекти на индустриските системи.
- Организациски вештини: Индустриските инженери мора да бидат способни да управуваат со повеќе проекти и да дадат приоритет на задачите за да се осигураат дека роковите се исполнети и ресурсите ефикасно се користат.
- Комуникациски вештини: Индустриските инженери мора да бидат способни ефективно да комуницираат со луѓето на сите нивоа на организацијата, од работници на фабрика до врвни директори.
- Технички вештини: Индустриските инженери мора да имаат солидно разбирање на инженерските принципи, како и познавање на компјутерско програмирање, статистика и други технички области.
- Лидерски вештини: Индустриските инженери често работат во тимови и мора да бидат способни да ги водат и мотивираат членовите на тимот да постигнат заеднички цели.
- Начин на размислување за континуирано подобрување: индустриските инженери се обучени да ги идентификуваат областите за подобрување и постојано да ги оптимизираат индустриските процеси за да ја зголемат ефикасноста, да го намалат отпадот и да го подобрат квалитетот на производот.
- Аналитички вештини: индустриските инженери користат аналитички методи за да ги идентификуваат моделите и трендовите во податоците, што им овозможува да донесуваат информирани одлуки за тоа како да ги подобрат индустриските процеси.
- Деловен ум: индустриските инженери мора да ја разберат деловната страна на производството и управувањето со синџирот на снабдување, вклучувајќи управување со трошоците, прогнозирање на приходите и финансиска анализа.
- Вештини за управување со проекти: Индустриските инженери често се одговорни за управување со проекти од почеток до крај, вклучувајќи планирање, распоред, буџетирање и координирање на ресурсите.
- Иновации и креативност: индустриските инженери се охрабруваат да размислуваат креативно и да смислуваат нови и иновативни начини за подобрување на индустриските процеси и системи.
Дипломски работи
- Lean менаџмент – имплементација на Poka-Yoke како алатка за подобрување на процесите Ивана Стојковска
- Методологија за анализа на тесни грла и подобрувања со помош на симулација Илија Каров
- Гејмификација во производството – употреба на симулациски игри Трајанка Миковска
- Рационализација на процесот на маркетинг истражување во друштвото за маркетиншки услуги Ипсос Стратеџик Пулс – Скопје преку апликација на оптимизациони техники од производството Љупчо Поцев
- Анализа на процесите на планирање и на реализација на производство со примена на Lean филозофијата и мапата на тек на вредност Наталија Божиновска
- Симулациски пристап базиран на сценарија за планирање на распоред Викторија Диковска
- Влијанието на избран KPI од Tiered Daily Performance Meeting врз подобрувањето на ефикасноста на целиот процес Ирена Давчевска
- Подобрување на деловнитe процеси со посебен фокус на 5S, Александар Невеселов
- Балансирање производна линија преку практичен случај Магдалена Јоновска
Можности за продолжување на студиите
Постдипломски студии потесно поврзани со прв циклус студии ИИМ
Докторски студии од областа на Индустриско инженерство и менаџмент
Студиите за индустриско инженерство и менаџмент на Машински факултет се одлична подготовка за успешна кариера во било која индустрија. Моето работно искуство започна во телекомуникациска компанија како личен асистент на генерален директор, а потоа маркетинг специјалист. Кариерата ја градев понатаму како менаџер за грижа за корисници и маркетинг директор. Во 2017 година, станав дел од тимот на Адиент, светски лидер за производство на автомобилски седишта, како генерален директор на фабрика, а од декември 2022г., одговорна сум за пет Адиент фабрики како оперативен директор. Во текот на сите години, постојано се потврдуваше дека факултетското образование и магистерските студии значително влијаеја на успехот во кариерниот пат.
Најискрено ги препорачувам овие студии за идните студенти, или како што постојано кажувам “уште 10 пати да се запишувам на факултет, би го одбрала истото”. Клучот за успех е секогаш да дадете повеќе од тоа што се бара од вас, независно дали е на факултет, на работа, дома…Вложувањето во себе и својот постојан развој е најголемата инвестиција што можете да ја направите и единствената која зависи само од вас.
Веќе 10 години живеам во странство, почнувајќи од мастер студиите во Комо, Италија, па првиот контакт со Pirelli Tyre во Милано, до работа во Англија и назад во Милано за да се преносочам во друга индустрија како транспортот. Отсекогаш сум работел во светот на индустриско инженерство и континуирано подобрување, со нагласен фокус на траснформација и промена на култура и стратегија.
Студирањето на ИИМ при МФС не само што ми овозможи многу интересни и практични студии, него и на некој начин ме мотивира да одам продолжувам да истражувам во областа и во различни индустрии. Ние имавме и шанса да се натпреваруваме и посетиме многу земји преку ЕСТИЕМ, што сигурно ни ги отвори видиците и успеавме да научиме многу нови работи.
Теоретското знаење и практичните вештини стекнати за време на студиите на МФС беа од круцијално значење за мојот понатамошен професионален развој.
На идните инженери им порачувам да бидат упорни, гладни за знаење и многу љубопитни во врска со оваа тематика, затоа што наставниот кадар има многу што да понуди.
Знаењето стекнато на МФС и искуството добиено низ годините овозможија да изградам успешна компанија. Посебен акцент би ставил на јапонските филозофии за организација што ми беа пренесени од страна на професорите, кои ми беа водилка за мојот понатамошен развој.
Се трудам сите научени работи да ги пренесам и во компанијата и на моите вработени. Благодарејќи на таа избрана патека денес сум и претседател на ЕФААС – Европската федерација на алумни асоцијации на АОТС Јапонија.
ESTIEM
ЕСТИЕМ (European STudents of Industrial Engineering and Management) е непрофитна и невладина организација за студенти ширум Европа, со фокус на студентите во областа на Индустриско Инженерство и Менаџмент. Главната цел на ESTIEM е да го спои техничкото знаење на студентите со вештините во областа на менаџментот.
ESTIEM гради врски помеѓу студентите во цела Европа, со цел не само да ја подобри професионалната кариера на студентите, туку и да ги поттикне во личниот развој. Некои од настаните што ги организира Локалната група Скопје. Настаните што ги креираат и поддржуваат се интересни начини не само за учење туку и за искусување на нови работи. Некои од нив се:
- TIMES (Tournament in Management and Engineering Skills) е натпревар на студенти низ цела Европа, каде тимови од 3-4 студенти се подготвуваат и решаваат реален проблем од праксата (Case Study) и го презентираат пред жири комисија
- Academic Days е настан креиран за да даде гледање и разбирање на теми поврзани со индустриското инженерство и менаџментот, избрани од страна на универзитетот-домаќин, предводени од страна на академски ментор.
- BrainTrainer обезбедува soft skills и бизнис вештини како комуникација, презентација, преговори и тимско управување.
- businessbooster е ESTIEM проект кој го промовира и стимулира претприемништвото меѓу студентите, преку организирање на различни настани за обука, образование и networking, како и натпревари.
- Europe3D ги собира сите студентите од цела Европа во еден европски град, каде во времетраење од 5 до 7 дена, учесниците можат да научат повеќе за трите различни димензии на една земја: политика, економија и култура.
- За повеќе информации, слободно контктирајте ги на https://www.instagram.com/estiemlgskopje/?hl=en, https://www.facebook.com/estiemlgskopje, lr.skopje@estiem.org
EIT Teaching Factories – Во 2022 година, студентите Михаела Златеска, Дамјан Ристовски, Теодора Танчевска, Даниела Стојановска под менторство на вонр. проф. д-р Бојан Јованоски учествуваа на натпреварот Teaching Factories и беа најдобри за предизвикот даден од Avio Aero – a GE Aviation Business, организиран од EIT-Manufacturing. Web link, LinkedIn
ИАЕСТЕ – Меѓународнa независна, невладина студентска организација за размена на студенти од техничките факултети (https://iaeste.org.mk/)
EBEC-Европски БЕСТ Инженерски натпревар (анг. European BEST Engineering Competition), натпревар наменет за поттикнување на креативното размислување за решавање на комплесни проблеми (https://ebec.best.org.mk/)
CEEPUS програма- Централноевропска програма за размена за универзитетски студии (анг. Central European Exchange Program for University Studies (CEEPUS)) е програма за академска размена на студенти и професори од Централна и Источна Европа (https://www.ceepus.info/)
ЕРАЗМУС+ програма- програма за мобилност на студентите и наставните кадри (за студиски престој, ослободување од студиски трошоци, како и признавање на студентските кредити на институцијата-домаќин по враќањето на домашниот универзитет) (https://na.org.mk/Home/ErasmusPlus)
Zoran Djindjic Internship Programme of German Business – Програма која нуди можност за практикантска работа со стекнување на знаења и соочување со вистински предизвици во германски компании. (https://www.djindjic-stipendienprogramm.de/)
Студентски екскурзии
- Smart Learning Factory – Skopje
Најновата иницијатива и лабораторија. Место каде се симулираат производни процеси и се учат нови методи и технологии за поефикасни процеси. Има роботи, транспортни ленти, станици за монтажа, аугментирана реалност и ред други работи. Отворена за сите студенти и полна со мини проекти што треба да се изработат од вас. Прочитајте повеќе на www.learningfactory.mf.edu.mk
- FunFactory
Првата гејмификација – производна игра изработена од студенти за студенти. Тимот составен од Методи Ковачевски, Андреј Кузмановски, Давид Талески и Александар Невеселов под менторство на доц. д-р Бојан Јованоски ја креираа оваа игра во рамките на ProjectHub 2019. Повеќе на линкот www.mf.edu.mk/funfactory
- ФабЛаб Скопје
Масто каде вашите идеи стануваат реалност. Едно место, полно со технологии и отворено за студентите да истражуваат и креираат. Во поддршка на своите ментори, можностите се неограничени. CNC машините, 3D принтерите и целата опрема за иновативни и креативни проекти.
Посетете го @fablabskopje на Facebook, Instagram и TikTok
- Истражувања и практична работа по предметот Проект, во рамките на лабораторијата Smart Learning Factory – Skopje
Тема: Анализа на Industry 4.0
Тема: Паметни фабрики низ светот
Тема: Експерименти со Smart Poka Yoke системот
- Business start-up Centre
- Натпревар за најдобар бизнис план
- Проекти на кои се вклучени професорите од ИИМ
- Learning factory for improving digital competitiveness and Industry 4.0 readiness of SMEs in the Balkans – Learn4SMEs [mf.edu.mk/learn4smes]
- Increasing the competitiveness of the domestic SMEs in order to improve their cooperation with foreign investors’ companies – InComSMEs [mf.edu.mk/incomsmes]
- HEI Consortium Innovation and Entrepreneurship in the Domains of Digital Transformation, Circular Economy and Sustainable Development – PROMETHEUS [hei-prometheus.eu]
- Creating R&D Capacities and Instruments for boosting Higher Education-Economy Co-operations
- Matching competences in higher education and economy: From competence catalogue to strategy and curriculum development – CompetenSEE
- Lean Industry 4.0 for more competitive production and maintenance in the SMEs – DigiTS-ME [mf.edu.mk/digits-me]
- Испитувања на новите технологии од Индустрија 4.0 за намалување на Lean загубите во производствени процеси – 0Waste [mf.edu.mk/Lean4.0Waste]
- European VET Excellence Platform for Green Innovation – GREENOVET [greenovet.eu]
- South-East European Co-operation of Innovation and Finance Agencies
- Skopje University Business Start-Up Centre: Through Networking to Successful Companies (Phase I – Establishment of the Centre)
- Joint simulation model for strategic decision support – SimStrategy